„Ние растеме“: на GEA College се одржа годишна Гала вечера 2019

Во четвртокот, на 12-ти декември 2019 година, на GEA College се одржа Осмата гала вечера, оваа година под слоганот „Ние растеме“. Настанот свечено беше отворен од страна на претседателот на Студентскиот совет Лучка Жунич и претседателот на GEA College Катја Крашковиц.

Гала вечерата, којашто се одвиваше во комфорна опуштена атмосфера, ја посетија гостите – Тјаша Бан (од компанијата Protocamel), Марко Лотрич (од компанијата Lotrič Meroslovje) и Грегор Коси (генерален директор на компанијата Lidl Slovenija). Цреша на шлагот беше настапот на стенд-ап комичарот Рок Шкрлеп.

Плакети за успешна работа во 2018/2019 академска година им беа доделени на професор Марјан Светличич, магистер Наташа Пустотник, Дамјан Авсец, магистер Жига Пељко, Полона Жупанчич, Мета Павлович и Лучка Жунич.

Извор: gea-college.si