Нова научна монографија на професорите од Факултетот за градежништво, сообраќајно инженерство и архитектура при Универзитетот во Марибор, издадена во Њујорк

Во март 2020 год., во меѓународната издавачка куќа „ Nova Science Publishers, Inc. New York“ беше издадена научна колективна монографија со наслов „An Interdisciplinary Approach towards Academic Education on Sustainable Building Design“.

Photo: Овој труд претставува интердисциплинарен пристап кон академското образование за одржливо проектирање на објекти/pixabay/Inactive account – ID 3844328

Во монографијата е претставен интердисциплинарен пристап во акадамското образување за одржливо проектирање на објекти. Покрај класичните предметни предавања, се нагласува преносот на знаења со помош на практични студентски работилници, развојни проекти и други активности, чија цел е поактивно и поефикасно академско предавање.

Автори на монографијата се Мирослав Премров, Весна Жегарац Лесковар, Вања Скалитски Клеменчич, Маја Жигарт, Марко Ренчељ и други соработници на факултетот.

Книгата се состои од шест поглавја. Првото поглавје го опишува општиот поглед на интегративниот пристап кон образованието за одржливо изградена животна средина, врз база на искуствата од интердисциплинарниот курс. Второто поглавје претставува опсежен сет на критериуми на урбаниот дизајн за креирање на резиденцијални населби при што ја нагласува улогата на високо квалитетниот отворен простор (open space) и зелените површини, кои значително го подобруваат квалитетот на животот. Во третото поглавје се расправа за одржливиот транспорт и поврзаноста со животната средина, со нагласок на интердисциплинарниот пристап. Поглавјето четири го презентира вклучувањето на енергетско-ефикасниот дизајн на објектите со интегрирана употреба на новите дигитални технологии, како на пример енергетското моделирање. Петтото поглавје ги опишува главните типови на структурни системи од дрво и презентира перспективи на одржлив дизајн на модерните монтажни објекти од дрво и стакло, со натамошен развој на монтажните објекти од дрво со поголеми застаклени површини и на повеќе спратови. Последното поглавје е презентирано како графичко резиме на интердисциплинарните проекти на работилниците, кои ја покажуваат комплексноста на дизајнот и почитувањето на различните интердисциплинарни принципи на одржлив развој.

Извор: fgpa.um.si