Нови работни места во словенечки фирми

Меѓу избраните нови работодавци се: Akrobat d.o.o., Alfa – M d.o.o., Marex d.o.o., Salomon d.o.o., Šumer d.o.o., Usar d.o.o.

Раководител на проект (м/ж)

Работодавец: Alfa – M d.o.o.

Потребна квалификација:

  1. средно стручно образование,
  2. познавање на системите Rigips, Knauf и Armstrong,
  3. возачка дозвола Б-категорија,
  4. познавање на еден странски јазик,
  5. познавање на компјутерските алатки: WORD, EXCEL, AUTOCAD,
  6. положен стручен испит по градежништво.

Вработувањето е на определено време со можност за продолжување на неопределно време. Работата е во пријатна и средена средина.

Работното место е во Словенија и во странство (Австрија).

Пријавата и кратката биографија во која ќе го наведете досегашното искуство, испратете ги најдоцна до: 10.1.2019 година.

Оператор со машини и апарати CNC – 5 работни места (м/ж)

Работодавец: Šumer d.о.о.

Потребна квалификација:,

  1. високо стручно образование (V., VI/1.),
  2. работно искуство: 0 – 1 година,
  3. одговорно и прецизно извршување и завршување на доделените работни задачи,
  4. лојалност кон компанијата,
  5. подготвеност за тимска работа,
  6. брзина и одговорност,
  7. позитивен однос кон промени,
  8. можност за дополнително усовршување,
  9. по пробниот период можност за вработување на неопределено време.

Работното место е во Цеље.

Нудат:

  1. по пробната работа можност за вработување на неопределено време.

Пробен период: 6 месеци

Плата: по договор

Пријавата и кратката биографија во која ќе го наведете досегашното искуство, испратете ги најдоцна до 20.12.2018 година.

Машинист (м/ж)

Работодавец: Salomon d.o.o.

Потребна квалификација:

  1. 1-3 години работно искуство,
  2. добра физичка подготвеност,
  3. трудољубивост.

Вработување на определено време со можност да се продолжи на неопределено време. Цело работно време. Редовна месечна плата + бонуси. Награди за покажан успех во работата.

Работното место е во Логатец (Централна Словенија).

Пријавата и кратката биографија во која ќе го наведете досегашното искуство, испратете ги најдоцна до 27.12.2018.

Раководител на продажба (м/ж)

Работодавец: Akrobat d.o.o.

Потребна квалификација:

  1. високо стручно образование (VI/1., VI/2., VII.),
  2. референци за досегашното искуство со менаџирање на продажни екипи и подготовка и реализација на продажни стратегии,
  3. искуство со водење проекти и со меѓународна продажба,
  4. флексибилност,
  5. бизнис размислување,
  6. ориентираност кон странките,
  7. менаџерски и преговарачки способности,
  8. знаење од областа на комерцијата,
  9. одлична организираност и ориентираност кон постигнување цели,
  10. стратешки и организациски вештини,
  11. трудољубивост и позитивен однос кон динамична работа,
  12. креативност и одговорност,
  13. напредни компјутерски вештини.

Нудат:

  1. долгорочно вработување во брзорастечка и водечка фирма во струката,
  2. секојдневен предизвик и контакти со меѓународниот пазар,
  3. предан и мотивиран колектив,
  4. динамична средина,
  5. учтиви меѓусебни односи,
  6. можност за стручен развој,
  7. повремени службени патувања.

Работното место е во Ново Место.

Пријавата и кратката биографија во која ќе го наведете досегашното искуство, испратете ги најдоцна до 26.12.2018 година.

Готвач (м/ж)

Работодавец: Usar d.o.o.

Вработуваат готвач (м/ж) со искуство. Очекуваат совесно извршување на работните обврски и почитување на ХАСАП-системот. Нудат добри услови за работа, можност за напредување и стимулативна плата. Почетната бруто-плата е 1.800 €.

Потребна квалификација: I., II., III., V. Вработување на неопределено време.

Пробен период: 3 месеци.

Работното место е во Љубљана-Подутик

Пријавата и кратката биографија во која ќе го наведете досегашното искуство, испратете ги најдоцна до 27.12.2018 година.

Магационер (м/ж)

Работодавец: Marex d.o.o.

Потребни квалификации:

  1. точност,
  2. стабилност и одговорност,
  3. добра рачна спретност,
  4. возачки испит Б-категорија,
  5. испит за виљушкар,
  6. способност за тимска работа,
  7. интерес за долгорочно вработување,
  8. комуникативност и соодветен однос спрема деловните партнери и соработниците.

Нудат:

  1. стимулативна плата (фиксна плата и бонуси),
  2. вработување на определено време со можност да се продолжи,
  3. работа во пријатна средина.

Работното место е во Гросупље (Централна Словенија).

Пријавата и кратката биографија во која ќе го наведете досегашното искуство, испратете ги најдоцна до 28.12.2018 година.

Одржувач-електричар (м/ж)

Работодавец: Kariera d.o.o. (посредник)

Потребна квалификација:

  1. завршен минимум IV. степен средно образование,
  2. техничка насока,
  3. искуство со електроодржување,
  4. афинитет спрема работата од оваа област,
  5. подготвеност за работа во една смена со повремени дежурства,
  6. доследно почитување на упатствата и прописите на работното место.

Нудат:

  1. вработување на определено време со можност за долгорочно вработување,
  2. соодветно воведување на работното место,
  3. усовршување во рамките на работното место,
  4. пријатна работна средина.

Работното место е во Камник (Горењска).

Пријавата и кратката биографија во која ќе го наведете досегашното искуство, испратете ги најдоцна до 11.1.2019 година.

Извор: mojazaposlitev.si