Нови работни места во словенечките фирми

Меѓу избраните нови работодавци се:  Alfa – M d.o.o., Alvomi, d.o.o., Kuehne + Nagel d.o.o., Lanfer Transporte GmbH & Co. KG, Mariborska livarna Maribor d. d., Siliko d.o.o., Vila natura d.o.o.

Техничар во производство (м/ж)

Работодавец: Vila natura d.o.o.

Потребни квалификации:

  1. средно образование, техничка насока,
  2. прецизност,
  3. чесност,
  4. одговорност,
  5. способност за ракување и општо – способност,
  6. способност за самостојна и тимска работа.

Вработување на неопределено време со 3-месечна пробна работа.

Стимулативен личен приход.

Работа во една смена. Пријатна работна средина. Љубезен колектив. Можност за личен развој и напредок.

Локација на работната позиција: Мурска Собота (регион: Прекмурје). Пријавите во кои ќе го наведете досегашното искуство, испратете ги најдоцна до 4.1.2019 година.

Контакт: 041 35 50 50 (Вања).

Благајник, келнер (м/ж)

Работодавец: Alvomi, d.o.o.

Потребна квалификација:

  1. љубезност,
  2. желба за работа со луѓе,
  3. педантност,
  4. точност и трудољубивост,
  5. комуникативност,
  6. самостојност во работата,
  7. одговорност кон работата.

Ако има потреба, се нуди сместување. Пријатна и релаксирана атмосфера. Саатнина: 5,50 EUR.

Вработување на определено време.

Локација на работната позиција: Крањска Гора (регион: Горењска).

Пријавите во кои ќе го наведете досегашното искуство, испратете ги најдоцна до 17.1.2019 година.

Контакт: Војтех Миклавчич, 070 760 434.

Раководител на одделот за поморски транспорт (м/ж)

Работодавец: Kuehne + Nagel d.o.o.

Потребни квалификации:

  1. најмалку V. степен општествена или техничка насока,
  2. најмалку 3 години работно искуство во сферата на логистичките услуги,
  3. точност,
  4. лична педантност,
  5. одговорност спрема работата,
  6. активно користење на англиски јазик, писмено и усно,
  7. одлични комуникациски способности и насоченост кон постигнување на целите,
  8. способност за тимска и самостојна работа,
  9. флексибилност,
  10. точност и подготвеност за дополнителна ефикасност,
  11. познавање на MS Office, особено на Excel.

Посебно средена работна средина. Можност за натамошен личен и професионален развој.

Локација на работната позиција: Брник (регион: Горењска).

Пријавите и мотивациските писма испратете ги до 17.1.2019 година на е-пошта: knadriatic.hr@kuehne-nagel.com, при што задолжително во делот Предмет, напишете: Vodja oddelka za pomorski transport (m/ž).

Професионален возач на товарни возила (м/ж) – на големи растојанија

Работодавец: Lanfer Transporte GmbH & Co. KG

Потребна квалификација:

  1. образование: II., III., IV., V., VI/1.

Работно искуство како возач или превозник: 1 – 3 години. Потврда ADR (пожелно). Флексибилност, способност за работа во тим, познавање на англиски или германски. Полно работно време.

Вработување на неопределено време. Месечна плата: 2.000 – 2.500 EUR бруто. Можност за индивидуално оспособување и школување. Пријатна работна атмосфера.

Локација на работното место: Мепен (Германија).

Пријавите во кои ќе го наведете досегашното искуство, испратете ги најдоцна до 18.1.2019 година.

Контакт: Миодраг Стојанов: +4915114057545.

Технолог за квалитет (м/ж)

Работодавец: Siliko d.o.o.

Потребна квалификација:

  1. машинска струка,
  2. познавање на методата за квалитет (пожелно),
  3. активно знаење на англиски,
  4. познавање на компјутерските програми ProE и CATIA (пожелно),
  5. возачка дозвола Б-категорија,
  6. посебен афинитет кон автомобилската индустрија.

Пријатна работна атмосфера.

Локација на работното место: Врхника (Централна Словенија).

Пријавите во кои ќе го наведете досегашното искуство, испратете ги најдоцна до 18.1.2019 година. Пријавите и мотивациските писма испратете ги на: kadri@siliko.si.

Раководител на проект (м/ж)

Работодавец: Alfa – M d.o.o.

Потребна квалификација:

  1. пожелно е образование V. степен,
  2. познавање на ситемите Rigips, Knauf и Armstrong,
  3. возачка дозвола Б-категорија,
  4. задолжително познавање на еден странски јазик,
  5. потребни компјутерски познавања: Word, Excel, Autocad,
  6. пожелно е поседување стручен испит по градежништво.

Вработување на определено време со можност да се продолжи на неопределено време.

Работа во пријатна и средена средина.

Локација на работното место: во Словенија и во странство (Австрија).

Пријавите во кои ќе го наведете досегашното искуство, испратете ги најдоцна до 10.1.2019 година.

Одржувач електричар (м/ж)

Работодавец: Kariera d.o.o. (посредник)

Потребна квалификација:

  1. завршено образование минимум IV. степен, техничка насока,
  2. искуство со електроодржување,
  3. афинитет спрема работата во оваа струка,
  4. подготвеност за работа во една смена со повремени дежурства,
  5. доследно почитување на упатствата и прописите на работното место.

Вработување на определено време со желба за долгорочна соработка; соодветно вклучување на работното место; едуцирање во рамките на работното место; средена работна средина.

Локација на работното место: Камник (Горењска)

Пријавите во кои ќе го наведете досегашното искуство, испратете ги најдоцна до 11.1.2019 година.

Леар (м/ж)

Работодавец: Mariborska livarna Maribor d. d.

Потребна квалификација:

  1. образование III., IV степен,
  2. до 1 година работно искуство,
  3. искуството е пожелно, но не е услов.

Вработување на неопределено време со 4-месечна пробна работа; работа во смени на полно работно време. Плата по договор.

Локација на работното место: Марибор. Пријавите ги очекуваат до 19.1.2019 година.

Извор: mojazaposlitev.si