Објавени се најдобрите работодавачи во Република Словенија по резултатите од статистика за 2018 года

Компаниите SAP, RLS Merilna tehnika и Droga Kolinska се најдобри работодавачи во Словенија. Во четвертокот на 28 март 2019 година, во љубљанскиот куклен театар медиумската куќа Dnevnik организираше церемонија за наградување на победниците на Дванаесетиот медиумски проект Zlata nit. Партнери на проектот беа Министерството за труд, семејство, социјална политика и еднакви можности, факултетот за економија при универзитетот во Љубљана и здружението Manager.

Во проектот учествуваа 74 компании – 9 големи, 30 – средни и 35 – мали. 5595 вработени во наведените компании земаа учество во анкетата во рамките на проектот. Наградите ги врачи министрот за труд Ксенија Клампфер.

Во категоријата големи компании, победи Droga Kolinska, во која што, без разлика на големиот интензитет на трудот, се сочувуваат добрите взаемни односи помегу вработените. Во компанијата, покрај високите плати, постојат и нефинансиски мотивации.

Во категоријата средни компании првото место го зазема RLS Merilna tehnika. Жирито ја потенцираше јаката ораганизациска култура на компанијата, добрата микроклима во компанијата, динамичниот раст на приходите и високите плати на вработените.  

Во категоријата мали компании победата ја однесе SAP, компанија која што успеа да го убеди жирито со својата активна кадрова политика, ефективна имплементација на проекти за регулирање на свеста за важноста на професионалниот капитал.

Наградата за најдобра пракса ја доби компанијата Iskratel. Во категоријата компании, кои што активно вработуваат повозрасни лица, наградата ја добија  MI Elektronika, Prevc, Saloni pohištva, Radio Sora, Trgotur, Vistra, Zaposlitveni center AVANTUS, Albaugh, TKI, Kovinarstvo Bučar, Drago Bučar, Mikrocop и Varis Lendava.

Извор: siol.net