Објавени се најдобрите странски инвеститори во Република Словенија

Во вторникот, на 26-ти ноември 2019 година, на вечерната свечена церемонија на Брдо при Крањ наградите за најдобри странски инвеститори FDI Award Slovenia 2019 им беа врачени на три компании: Iskraemeco, d.d. во категоријата „Голема компанија“; Systemair d.o.o. во категоријата „Долгорочно присутство во регионот“ и Swarco Lea d.o.o. во категоријата „Смарт“ разработка на производи и услуги“. Со овие награди владата на Република Словенија го потенцира придонесот на странските инвеститори во деловното работење на земјата. Странските инвеститори се клучен фактор како при создавањето на нови работни места така и при зголемувањето на БДП, а исто така и во истражувањето, разработката на нови технологии, на регионални и меѓународни проекти.  

Во 2018 година чистиот приход на компанијата Iskrameco d.d. достигнал 126 милиони евра што е за 19% повеќе одошто во 2017 година, а чистиот профит изнесува 8.8 милиони евра. Во 2018 година во оваа компанија работеле 732 лица; додаената вредност на еден работник надминала 48 илјади евра. Iskrameco d.d. која што ги продава своите производи низ целиот свет има кредитен рејтинг В1++ и подмирени даночни обврски. Компанијата користи развој на одржливи принципи при производството и испораката на смарт мерачи стремејќи се да обезбеди долги рокови за нивна експлоатација и да ги направи максимално исплатливи, а исто така и да обезбедат поврат и обновување на материјалите и производите по завршувањето на нивната експлоатација. Бизнис процесите на компанијата треба да го минимизираат влијанието на мерачите врз околината од гледна точка на смет и издувни гасови во атмосферата.

Компанијата Systemair d.d. е дел од шведската група Systemair AB, која што се наоѓа во Скинскатеберг, којашто е една од водечките компании од областа на технологијата за вентилација со педесет претставништва низ целиот свет. Словенечката компанија се гордее со традиција од повеќе од 35 години во разработка и производство на вентилатори. Systemair d. o. o. произведува висококвалитетни вентилатори за изнесување на дим и топлина, а исто такa и за неутрализација на средини во коишто има опасност од експлозија. Во 2016 година Systemair d. o. o. започна да разработува и произведува модуларни клима уреди. Во декември 2018 година, во компанијата работеле 111 лица. Во 2018 година чистиот приход изнесувал 19,7 милиони евра, а чистиот профит – скоро 1,4 милиони евра, а додадената вредност на еден вработен – 54 илјади евра. Компанијата има кредитен рејтинг А1++ и подмирени даночни обврски.

Компанијата Swarco Lea d.o.o. е дел од Swarco Group, којшто се наоѓа во Ватенс (Австрија), каде што работат повеќе од 3700 лица од 25 земји во светот, а нејзините производи и решенија им служат на клиентите во повеќе од 70 земји во светот. Swarco Lea се специјализира на разработка и производство на лед дисплеи за транспортните системи. Во 2006 година компанијата Lea Lece била прогласена за компанија којашто најбрзо се развива во регионот Горењска. По две години компанијата 100% влезе во состав на австриската групација Swarco, во чиј што рамки таа стана една од најбрзорастечките и успешни компании. Во 2018 година вкупниот приход на компанијата изнесувал 7,7 милиони евра, а чистиот профит – скоро 1,1 милион евра. Во 2018 година во компанијата работеле 31 нешто повеќе од редовно вработено лице а додадената вредност на еден работник изнесувала нешто повеќе од 75 илјади евра. Swarco Lea d.o.o. има подмирени даночни обврски, а кредитниот рејтинг е А1++.

Извор: svetkapitala.delo.si