Објавени се податоците од европското истражување Eurostudent

Словенечките студенти во просек се на возраст од 24,1 година. Студентска работа имаат една третина од студентите. Во споредба со другите држави, опфатени во истражувањето Eurostudent, времето што словенечките студенти го искористиле за работа е еден час повеќе од просекот, кој изнесува 14 часа неделно.

Дека постои мотивација за вработување кај студентите, во последното истражување Eurostudent, кое од 2016 до 2018 година било спроведено во 26 држави во Европа, се изјасниле 38 проценти од студентите.

Најголеми трошоци им се станот и храната, кои словенечките студенти во најголем број ги покриваат со свои заработени пари или со помош на семејството. Трошоците на студентите изнесуваат приближно 500 евра месечно. Државата со државните стипендии просечно придонесува со 125 евра.

Скоро половина од студентите во Словенија живеат со родителите и роднините, а 19 проценти во студентски домови или изнајмени соби.

Меѓу словенечките студенти има 13 проценти вонредни студенти, што ја поставува Словенија меѓу државите со најголем број вонредни студенти. Во истражувањето Eurostudent учествувале 4968 словенечки студенти.

Интернет-врска: delo.si