Образовниот центар од Велење одржа неделна програма на практикуми за студентите од Република Србија

Од понеделникот, 11-ти ноември, до петокот, 15-ти ноември 2019 година, Образовниот центар од Велење прими на гости шест студенти од Високата техничка школа за стручно образование од Нови Београд (Србија).

За нив беа организирани практикуми од областа на обновливите извори на енергија и енергетика, хидраулика и електрична хидраулика, пневматика и електро пневматика, автодијагностика, механичка обработка и заварување, програмирање на роботи, а исто така и тродимензионално печатење и ласерско сечење.

Извор: scv.si