Образовниот центар од Велење зема учество на 52-та Меѓународна изложба на занаети во Цеље

Образовниот центар од Велење заедно со другите образовни установи од Република Словенија уште еднаш зема учество во 52-та Меѓународна изложба на занаети во Цеље. Настанот, кој што се одржи во средината на септември, се одржуваше цела недела.  

На посетителите на изложбата претставниците од Образовниот центар од Велење им го претставија безбедниот симулатор за возење и автомобилски робот. Да напоменеме дека на изложбата учествуваа ученици од Школата за електротехника и компјутерска техника и Школата за машинство, геотехника и животна средина под раководство на наставниците Урош Ремених, Сема Железник, Боштјан Кнеза и Боштјан Хрибар.

Извор: scv.si