Образовниот центар во Велење учествува во меѓународниот гастрономски проект КОКСОР

Образовниот центар од Велење зема учество во меѓународниот проект КОКСОР, насочен кон изучување на националните и регионалните јадења, гастрономското наследство на земјите партнери, а исто така и претставување на словенечкото гастрономско наследство. Во рамките на проектот исто така се акцентира вниманието за културата на исхрана и спецификата на сервирањето, на јадењето, изучувањето на виното и културата на консумирање на вино, коктели и други мешани напитоци, кафе и кофеински напитоци. Земји партнери на проектот се Полска, Турција, Романија, Италија, Франција и Словенија.

Помеѓу останатото, проектот предвидува одржување на практикуми во разни земји, каде што студентите ќе ги придружуваат професорите со исклучително искуство и знаење од областа на гастрономијата, коишто ќе им помогнат да го изучат начинот на животи и културата на исхрана на локалните жители. Покрај стекнувањето на нови професионални знаења за културното и гастрономското наследство, студентите за време на проектите ќе го усовршуваат англискиот јазик, ќе си разменуваат искуства, а исто така ќе воспостават интернационални пријателски врски.  

Во секоја земја постои интересна и квалитетна образовна програма со привлекување на експерти од областа на гастрономијата што е дополнителна придобивка на овој проект. На почетокот на декември 2019 година проектот се реализираше во Полска; во 2019/2020 академска година тој исто така ќе се одржи во Турција и Романија. Понатаму во 2020/2021 академска година, овој проект е предвидено да се одржи во Италија, Словенија и на крајот во Франција.

Извор: scv.si