Од понеделник со работа започнуваат одредени продавници и услуги

Од понеделник, 20 април 2020, вратите повторно ќе ги отворат продавниците за градежен материјал, специјализираните продавници за продажба на автомобили и велосипеди, сервисите за хемиско чистење, некои сервисни работилници, меѓу кои вулканизерите, и други услуги, известија вчера од Владата. Фризерските и козметичките салони ќе се отворат од 4 мај 2020.

Владата на редовната седница во четврток, 16 април 2020, одлучи дека од понеделник повторно можат да работат продавниците кои главно продаваат градежно-инсталатерски материјали, техничка роба или мебел. Во овие продавници во периодот од 8 до 9:30 часот право на купување ќе имаат исклучиво ранливите групи и тоа: инвалиди, трудници и лица постари од 65 години.

Ќе се отворат, исто така и сервисите за хемиско чистење и сервисните работилници во кои се вршат поправки и одржување на техничка роба.

Истото важи и за сервисните работилници во кои се вршат поправки и одржување на моторни возила и велосипеди, како што се вулканизери, автолимари, механичари и др.

Ќе може да се нудат и услуги кои се вршат на отворено на пример градинарски услуги, работа на кровни конструкции, фасадерски активности, а исто така можно ќе биде и лично преземање храна и други производи на превземни места каде што ќе биде обезбеден минимален контакт со потрошувачите, наведоа во својот извештај од владината канцеларија за односи со јавноста.

Дозволени ќе се спортско-рекреативните услуги: на отворено, во спортските објекти на отворено и на површините за спорт во природа, при што ќе се одржува безбедното растојание од останатите.

Од 4 мај 2020, на потрошувачите ќе им бидат овозможени и некои други услуги. Вратите повторно ќе може да ги отворат фризерските и козметичките салони, продавниците со површина до 400 метри квадратни, со исклучок на продавниците во трговските центри, како и салоните за нега на кучиња, мачки и останати домашни миленици.

Постојат конкретни инструкции на владата со кои се бара да се обезбеди најмалку 20 квадратни метри површина за една странка, редовно и ефикасно проветрување на просториите, оддалеченост помеѓу странките кои чекаат на благајните од најмалку 2 метра и редовно дезинфицирање на корпите и количките во продавниците.

Во просториите во кои се вршат сервисни и други услужни дејности, како и во продавниците за прехрамбена, градежна и техничка роба мора, во согласност со владините насоки, мора да се води заострена грижа за чистотата и дезинфицирање на просторот.

Извор: dnevnik.si