Од теорија до практика: на студентите од Факултетот DOBA им беше организирана студентска екскурзија во Амстердам

На студентите од магистерската програма „Менеџмент на „смарт“ градови“ од Факултетот DOBA им беше организирана студентска екскурзија во Амстердам, каде што непосредно се запознаа со стратегиите и добрите практики на градот.

Во текот на екскурзијата нејзините учесници го посетија универзитетот AUAS, каде што разговараа за „смарт“ градот Амстердам. Во состав од три групи студентите бараа решенија за разумно користење на дождовната вода со помош на контејнери за вода кои ќе ја собираат оваа вода на кровот.

Потоа тие го посетија стадионот на фудбалскиот тим Ајакс, кој што е најиновациски и „смарт“ стадион во земјата, и автономната зграда CIRCL. Буквата „E“ во името на зградата е изоставена во согласност со девизата: „Доколку вам тоа не ви е потребно, не го користете“.

Извор: doba.si