Одиме во посета на Биелина

Вработените од 2ТМ на 6. декември 2019 ќе гостуваат во Биелина, Босна и Херцеговина, каде што ќе одржат презентации и консултации. На учениците кои се во завршните години од средното училиште ќе им ги претстават предностите на студирањето во Словенија, ќе одговараат на нивните прашања во врска со уписните рокови, процедурите, условите за упис, изборот на студиски програми, како и на општи прашања за студентскиот живот во Словенија.

Не ја пропуштајте оваа одлична можност и информирајте се од прва рака за студирањето во Словенија!