Отворена е регистрацијата за студентската научна конференција од областа на компјутерските науки и информатиката

Институтот за компјутерски науки од факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика од универзитетот во Марибор во соработка со факултетот за компјутерски науки и информатика од универзитетот во Љубљана и факултетот по математика, природни науки и информатички технологии од Приморскиот универзитет ја организираат Шестата студентска  научна конференција од областа на компјутерските науки и информатиката. Спонзор на настанот е ACM Slovenia.

Конференцијата ќе се одржи во рамките на меѓународната мултиконференција „Информатичко општество“ (Informacijska družba; IS’19) 10-ти октомври 2019 година на факултетот по математика, природни науки и информатички технологии од Приморскиот универзитет во градот Копер.

Студентите од факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика од универзитетот во Марибор се покануваат да земат учество со поднесување на своите научни статии. Добиените статии ќе бидат публикувани во зборникот на конференцијата во електронска форма (CD).

Регистрацијата за учество е отворена до 10-ти август 2019 година. Статиите треба да се достават до 20-ти септември 2019 година.

Подетално

Информации на: 02 22 07 458, iztok.fister@um.si (Изток Фистер)

Извори: feri.um.si, stucosrec.feri.um.si