Пето заседание на Ректорската конференција на Република Словенија

Во петок на 30-ти ноември 2018 година, на Универзитетот во Нова Горица, во дворецот Лантерна во Випава, ќе се одржи петото заседание на Ректорската конференција на Република Словенија (RKRS) во рамки на претседателството на Универзитетот во Нова Горица.

Ректорската конференција ќе ја води претседателот, проф.др. Данило Завратник.

Дневниот ред на Ректорската конференција е:

  1. Потврда на дневниот ред на седницата
  2. Потврда на записникот на четвртата редовна и првата коресподентна седница
  3. Преглед на спроведувањето на одлуките на четвртиот редовен и првиот кореспондентен состанок.
  4. Извештај за конзорциските преговори за купување и користење на меѓународна научна литература во 2019 година
  5. Спроведување на испити за познавање на словенечкиот јазик на основно и на овисоко ниво
  6. Надоместоците на Комисијата за медицинска етика на РС за давање согласност  во научноистражувачки проекти од областа на здравството
  7. Можноста за преводи на стручна и научни дела од словенечки и промена на законодавството
  8. Работни групи
  9. Усвојување на календарот на редовни седници за 2019 година
  10. Иницијативи и предлози на членовите на Ректорската конференција на РС
  11. Разно

Во 12:30 часот, по завршувањето на заседанието на Ректорската конференција, во докторската соба на Универзитетот во Нова Горица, во дворецот Лантерна во Випава (Главни трг 8) ќе се одржи потпишување на Договорот за соработка за национална иницијатива Study in Slovenia (SIS). По завршувањето на потшишувањето ќе следи новинарска конференција.

Извор: ung.si