Платформата EduCTX, која што е разработена од факултетот за електротехника при универзитетот од Марибор, доби награда од Словенечкото информатичко друштво

Во рамките на 26-та конференција DSI 2019 Денови на словенечката информатика (Порторож, 16-17 април 2019 година) дигиталната платформа за управување со микро сертификати EduCTX, која што е основана на блокчејн, ја доби наградата eNagrada како најдобар проект во областа на компјутерската техника и информатиката. Во рамките на конференцијата се натпреваруваа 10 проекти.

Словенечкото информатичко друштво веќе со години ја доделува наградата eNagrada со цел развој и популаризација на успешните информациски проекти.

Дигиталната платформа, која што е основана на технолоијата на блокчејн, смарт договори, конзорциумската мрежа Ethereum in IPFS и децентрализираните апликации, ги разработи групата Blockchain Lab:UM, која што работи во структурата на Институтот за информатика на факултетот по електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот од Марибор. Водечкиот архитект на платформата и нејзин осмислувач е доцентот од институтот за информатика доктор Мухамед Турканович.

EduCTX – тоа е дигитална платформа за распределување, управување, чување, заедничко користење и прикажување на микро сертификати, заснована на технологија на блокчејн, смарт договори, децентрализирани апликации или во децентрализирана и распределена средина. Денес како пилот центри за апробација се јавуваат три високи образовни институции – факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот од Марибор, универзитетот од Сараево ( Босна и Херцеговина ), универзитетот за применети науки од Билефелд (Германија). Универзитетот од Загреб е во процес на приклучување.

Од наведената платформа имаат полза сите образовни институции и организации, кои што организираат различни семинари и тренинзи и сакаат да им обезбедат на учесниците сертификати за потврда на стекнатите знаења. Платформата им овозможува на постоечките информациски системи да интегрираат и разработуваат нови иновациски услуги врз основа на мрежните податоци.

Со добиената награда групата потврди дека со соодветен дизајн и развој технологијата блокчејн може ефикасно и разумно да се користи во сложени бизнис процеси.

Извор: feri.um.si