По повод 100 годишнината на универзитетот од Љубљана се одржа студентска трка, која што симболично ги поврза факултетот и академијата

Во вторникот на 16 април 2019 година, се одржа втората трка од факултетот кон факултетот, која што беше одржана по повод 100 годишнината на универзитетот од Љубљана. Повеќе од 300 студенти од сите 26 структурни единици на универзитетот од Љубљана во текот на трката која што се трчаше на 5 и 10 километри за време на која посетија 5 и 10 структурни единици на универзитетот и симболично ги поврзаа нив како една целина.

Во паркот пред универзитетската спортска сала Rožna dolina на учесниците им беа поделени маици со логото на универзитетот, а 15 минути пред почетокот на трката тие под раководство на професионални тренери правеа вежби за загревање. По успешното загревање (трката помина без повреди и било какви незгоди) учесниците во трката се разделија на групи. Секоја група ја водеше и поддржуваше тренер по атлетика заедно со својот помошник.

Маршрутата на учесниците во трката на 5 километри ги опфаќаше следните структурни единици на универзитетот од Љубљана: факултетот за биотехнилогија – ветеринарниот факултет – факултетот за математика и физика – факултетот за градежништво и геодезија – електротехничкиот факултет.

Учесниците во трката на 10 километри ја имаа следната маршрута: Академијата за ликовни уметности – правниот факултет – факултетот за технологии – медицинскиот факултет – факултетот за спорт – факултетот за науки за здравјето – архитектурниот факултет – филозофскиот факултет – машинскиот факултет – фармацевтскиот факултет – природно-техничкиот факултет.

По завршувањето на трката сите кои што земаа учество во трката си разговараа во опуштена атмосфера во придружба на звуците на убавата музика и вкусните закуски.

Извор: uni-lj.si