По повод 100-годишнината од основањето на универзитетот во Љубљана ќе се одржи конкурс за студентите под наслов #100xULaktiven

Центрот за воннаставни дејности при универзитетот во Љубљана одржува конкурс #100xULaktiven на социјаланата мрежа Instagram. Целта на конкурсот е да овозможи најшироко учество на студентите во воннаставните настани, овозможувајќи им да ги продлабочат новите знаења и вештини.

На конкурсот може да земе учество секој актуелен студент кој што учи на универзитетот во Љубљана, и кој што има отворен профил на социјалната межа

Instagram. Се земаат во предвид сите фотографии, кои што прикажуваат учество во настаните и се означени со хаштагот #100xulaktiven во периодот од 10 јануари 2019 година до 01 декември 2019 година. Универзитетот од Љубљана си го задржува правото да провири дали навистина се одржал тој конкретен настан.

На свечениот танцов настан по повод 100 годишнината од основањето на универзитетот во Љубљана на 05 декември 2019 година ректорот ќе им врачи признаници и вредни награди на сите тие, кои до 01 декември 2019 годиниа ќе претстават 100 примери од свои учества во воннаставните дејности.

Правилата и општите услови за Instagram #100xulaktiven се објавени тука.

Информации: sport@uni-lj.si.

Извор: uni-lj.si