По повод 100 годишнината од основањето на универзитетот во Љубљана: од историјата до современоста

На 23-ти јули 2019 година се исполнија 100 години од моментот на основањето на универзитетот во Љубљана. На овој ден во 1919 година кралот Александр Караѓоргевиќ подпишал „Закон за универзитетот на Кралството на србите, хрватите и словенците во Љубљана“, денес – универзитетот од Љубљана.

На 31-ви август 1919 година со указ на кралот биле назначени првите 18 професори на универзитетот. Роденденот на универзитетот во Љубљана се смета дека е на 3-ти декември 1919 година денот кога во тогашната палата на областниот парламент на Крајина (денес зграда на ректоратот на универзитетот во Љубљана) славистот доктор Франце Рамовш одржал предавање по историска граматика на словенечкиот јазик. Прв ректор на универзитетот во Љубљана беше именуван Јосип Племељ, истакнат математичар од почетокот на ХХ век.

На почетокот во универзитетот работеле пет факултети: филозофски факултет, медицински факултет, правен факултет, технички факултет, и богословски факултет. Во 1919/1920 студиска година на универзитетот студирале 942 студенти – 28 жени и 914 мажи. Без разлика на доминацијата на мажи првата титула доктор на науки на 15 јули 1920 година и била доделена на жената Ане Маер – за дисертацијата „За влијанието на формалинот врз скробот“.

Согласно Законот за високо образование, донесен во декември 1993 година, универзитетот од Љубљана и универзитетот од Марибор добија статус на класични европски универзитети.

Денес универзитетот од Љубљана се вбројува помеѓу 3% најдобри универзитети во светот. Согласно податоците на еден од најголемите академски рејтинзи ARWU (Academic Ranking of World Universities – Академски рејтинг на универзитетите во светот), тој веќе многупати влегува помеѓу 500 најдобри универзитети во светот во рејтингот CWUR (The Center for World University Rankings – Центар за составување на рејтинзи за универзитите во светот) тој го зазема 370-то место, а на рејтингот Times Higher Education ги дели 601-800 место.

Во структурата на универзитетот работат 23 факултети и 3 академии, на кои што се одржува подготовка на сите правци: природни науки, технички науки, медицина, уметност. Ова е најстарата и најголемата образовна институција во земјата во која што студираат скоро 40 илјади студенти. Годишниот буџет на универзитетот изнесува 334 милиони евра.

Извор: uni-lj.si