Почесниот професор од универзитетот во Нова Горица поднесе предлог во Европскиот парламент за Европскиот крвичен суд за прашања поврзани со здравството и животната средина

Почесниот професор на универзитетот од Нова Горица Антонио Абрами им го претстави на пратениците од Европскиот парламент амбициозниот проект за Европскиот кривичен суд за прашања поврзани со здравството и животната средина. Проектот беше претставен со поддршка од пратениците од партијата, која што се наоѓа во владата на Италија.

Подготовката на Антонио Абрами за проектот за Европскиот кривичен суд за прашања поврзани со здравството и животната средина со поддршка од универзитетот од Нова Горица започнала пред десет години. Тогаш Антонио Абрами бил на позицијата претседател на Меѓународната академија на науки за животната средина.

Извор: ung.si