Посета на министертот за економски развој од островот Гернзи на Универзитетот во Нова Горица

Во недела на 18-ти ноември 2018г., Унверзитетот во Нова Горица го посети министерот за економски развој на островот Гернзи Чарлс Паркинсон.

Во просторите на Универзитетот во Нова Горица, во дворецот Лантерна во Випава, гостинот го примија проф.др.Данило Завратник, проректорот проф.др.Гвидо Братина и проф.др.Младен Франко.

Во првиот дел на посетата, на министерот му беше претставен Универзитетот во Нова Горица, потоа го посети дворецот Лантерна, како и факултетите и центрите кои имаат свои простории во дворецот. 

Другиот дел на посетата беше наменет за разговор околу можностите на соработка во областа на образованието и истражувањата меѓу Универзитетот во Нова Горица и институциите на островот Гернзи. 

Ректорот и министерот ја оценија посетата за позитивна и изразија надеж за продлабочување на соработката во иднина.

Посетата ја организираше Министерството за надворешни работи на Република Словенија.

Извор: ung.si