Постдипломците од Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана нудат решенија за развој на словенечките туристички дестинации

Во рамките на предметот Tourism Policy, чиј носител е проф. Тања Михалич, а асистент Миха Братец, студентите изработија проектни задачи за развој на стратешките планови за развој на туризмот во четири различни дестинации.

Во соработка со претставниците на Туризам Љубљана, Заводот за туризам Марибор, Развојно-информацискиот центар Бела Крајина и компанијата Хит Алпинеа, беа сработени следните проектни задачи:

  1. Стратегија за развој на културно-гастрономскиот туризам во Марибор;
  2. Стратегија за развој на еколошко-винскиот туризам во Бела Крајина;
  3. Стратегија за „хипстеризација“ и целогодишно нудење на услугите на дестинацијата Крањска Гора и др.

Претставниците од споменатите туристички дестинации, по презентацијата на задачите беа воодушевени од резултатот и посебно ги пофалија аналитичките способности и понудентите предлози за стратешки решенија од страна на студентите на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.

Интернет-врска: efnet.si