Потребни се психолози, IТ-експерти, инженери, медицински персонал: Службата за вработување ги откри резултатите од истражувањето „Професионален барометар-2019“

Службата за вработување на Република Словенија во рамките на истражувањето „Професионален барометр-2019“ ја анализираше побарувачката и понудата за 177 професии во следната година. Истражувањето ги опфати сите 12 територијални одделенија на Службата за вработување со учество на 82 вработени консултанти и 10 надворешни специјалисти од регрутните агенции и студентскиот сервис. Тоа се одржа со поддршка на Министерството за труд, смејство, социјална политика и еднакви можности, а исто така и Европскиот социјален фонд.

За 110 (60%) од професиите било установено, дека побарувачката на работодавачите за кадри ќе ја надмине понудата. За 53 професии дека ќе ја задржат досегашната динамика на вработување. Кај 14 професии ќе биде обратна ситуацијата: ќе има многу помалку огласи за вработување отколку баратели на работа на пазарот за трудот.

Помеѓу професиите во кои што ќе има кадровски дефицит се војници, обезбедување, психолози, IТ-специјалисти, инженери, медицински персонал, адвокати, менеџери за кадрово, возачи, стаклари, агенти за осигурување, логистика, готвачи. За споредба презаситен ќе биде пазарот на трудот од следните професии: архитекти, банкарски службеници, бизнис секретари, дизајнери, новинари, композитори, преведувачи, фотографи.

Подетално

Извор: svetkapitala.delo.si