Повеќе за студирањето во Словенија: Во Санкт Петербург се одржа образовен семинар на 2ТМ

Во вторникот, на 4 декември, во Санкт Петербург повторно се одржа образовниот семинар на 2ТМ, чиј фокус беше на стекнувањето образование на факултетите и вишите школи во Словенија. Овој пат Семинарот се одржа во конференциската сала на библиотечниот центар „Современик“. Центарот обединува различни локации, интересни и за младите и за возрасните.

Photo: © 2TM d.o.o.

Раководителката на регионалната канцеларија на 2ТМ во Санкт Петербург, Ксенија Балашова, за присутните на настанот подготви детална презентација, посветена на Словенија и на предностите за студирање во оваа пријатна европска држава. По завршувањето на главниот дел на Семинарот, присутните можеа да им поставуваат прашања на претставниците на компанијата. Меѓу учесниците на Семинарот беа ученици на завршни години, дипломирани, заинтересирани за магистерски студии, нивните родители, и други млади кои неодамна стекнале високо образование во Русија, а кои би сакале да се доусовршуваат во странство. Со оглед на тоа, и прашањата беа различни – и „класични“ – во однос на трошоците за студирање во Словенија, изборот на студиски програми и факултети, документи потребни за упис, престој на студентите, можност за прием на посакуваната програма, но и поконкретни прашања – за статусот на словенечката економија и платите во Словенија, условите на пазарот на недвижности, добивањето престој во Словенија, итн.

Photo: © 2TM d.o.o.

Сакам да истакнам дека сите присутни што дојдоа на Семинарот, веќе подолго време ги следат објавите на 2ТМ на социјалните мрежи и ја читаат нашата интернет-страница, па затоа прашањата што ги поставуваа не беа општи, туку доста конкретни – за добивање соба во студентски дом, за тоа како да постапат оние што имаат завршено средно образование пред воведувањето на EGE (државна матура), дали може да се запишат на магистерски со диплома од друго подрачје. Исто така, ги интересираше дали во словенечките образовни установи постои можност за вонредно студирање и на кои програми е можно онлајн студирање“ – објасни Ксенија Балашова.

Ксенија додаде дека компанијата 2ТМ со задоволство ја продолжува соработката со библиотеките во Санкт Петербург и ќе продолжи со подготовка на слични настани во различни делови на градот.

Исто така ве покануваме во нашата канцеларија и на образовните саеми, на кои редовно учествуваме. Ќе ни биде задоволство на нашите семинари да сретнеме нови лица и секако, добре дојдовте во Словенија!“ – резимираше Ксенија Балашова.

Компанијата 2TM изразува огромна благодарност до персоналот на библиотечниот систем „Современик“ за заинтересираноста за образовни теми и за пријатната атмосфера!