Повторно стартувано производството во Ревоз, фабриката за автомобили од Ново Место

Повторно е стартувано производството во фабриката за автомобили од Ново Место – Ревоз, каде што поради епидемијата со новиот корона вирус и грижата за здравјето на вработените, по попладневната смена на 17 март 2020 год., истото беше привремено запрено.

Photo: Во компанијата се почитуваат сите неопходни мерки за заштита на работниците/pixabay/Pineapple22Productions

Од наредната недела со производството ќе се продолжи во две смени. Ревоз инаку вработува околу 3.400 луѓе. Компанијата веќе презема превентивни мерки и осигура дополнителна заштитна опрема за вработените.

Уште две словенечки компании, „Cimos“ и „Steklarna Rogaška“, го најавија повторниот старт на своето производство за наредната недела.

Извор: 24ur.com