Познатиот германски пилот на Формула 1, Ралф Шумахер стана официјален амбасадор на словенечкото вино

Познатиот германски пилот на „Формула 1“, Ралф Шумахер, помладиот брат на легендарниот Михаел Шумахер, е воодушевен од словенечкото грозје. Оваа година во регионот каде што се произведува вино Горишка Брда тој во присуство на новинарите им помагаше на локалните работници да го соберат родот од лозовите насади. Ралф Шумахер набра неколку килограми грозје од сортата „Ребула“ за производство на вино, кое што се продава во неговиот ресторан со медитеранска кујна Schumachers во градчето Бергхајм во предградието на Келн.

Овој пат Ралф Шумахер се согласи на уште поинтензивна соработка со словенечките лозари и стана официјален амбасадор на виното „Ребола“. Според неговите зборови, причината е едноставна вкусот на „Ребола“ нему многу му се допаѓа, а за својот ресторан тој специјално барал лесно и квалитетно вино.

Во Германија словенечките вина сеуште не се доволно популаризирани, затоа Ралф Шумахер со задоволство го прифатил статусот на промотер на благородниот напиток од словенечко производство. Исто така за својот нов бренд Schumacher selection тој избра класично пенливо вино, „Сувињон“, „Шардоне Барик“, „Пино Нуар“, „Каберне Фран“ и „Пиколит“.

Извор: rtvslo.si