Република Словенија има најдобри услуги во регионот на Западен Балкан

Република Словенија го завзема првото место во конкуренција на шест западно-балкански земји според податоците од истражувањето на Guest, кое што ги спореди квалитетот на услугите, љубезноста и познавањето на производите и услугите, кои што се им се нудат на клиентите. Зборот истражување потекнува од абривијатура од англиските зборови guest (гостин) – greet (поздрав), understand (разбира), explain (објасни), suggest (предложи), thank (благодарност).

Истражувањето на квалитетот на услугите во регионот по единаесетти пат по ред беше спроведено од загребската агенција за непредметна трговија Heraklea во соработка со агенциите од регионот. Тоа се одржа во јуни 2019 година во 800 трговски точки во рамките на различни настани во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Република Македонија, Словенија и Србија. За да се разјасни во која земја се даваат услуги со највисок квалитет, агенцијата ги испрати фиктивните купувачи во салоните за автомобили, во компаниите за телекомуникациски услуги, во банки, супермаркети, угостителски објекти, туристички агенции, бензински станици, а исто така и кај давателите на други различни услуги. Претставниците на агенциите ја оценуваа работата на организациите според такви критериуми, како што се: идентификување на потребите и желбите на клиентот, љубезноста кон клиентот, познавање на производите и услугите, предлагање на други производи и благодарност.

Според резултатите од истражувањето најдобра оцена добила Република Словенија, 83,4%, што е скоро за 8% повеќе од 2018 година. При тоа таа ја истиснала од првото место Македонија, која што освоила 83,1% и го подобрила својот минатогодишен резултат за 4,1%. Истражувањето покажа, дека Република Словенија е лидер во категориите „Оцена на производите“ и „Благодарност“, а Македонија – во категориите „Љубезност“, „Идентификување на потребите и желбите на клиентите“, „Предложување на дополнителни производи“. На трето место е Хрватска со 75,1%, што е за 2% подобро од 2018 година. Резултатот на Србија е 70,5%, Босна и Херцеговина – 70%, Црна Гора – 55,1%.

Највисоки оцени земјите добија во категоријата „Познавање на производите и услугите“, а најниски во категоријата „Предложување на дополнителни производи“. Најдобра услуга е забележана во автомобилските салони, а најниска, во супермаркетите, покажа истражувањето.

Извор: dnevnik.si