Представнкот од универзитетот во Нова Горица е награден со Национален орден на Франција „За заслуги“

Вработениот на универзитетот од Нова Горица, директорот на Институтот Јожеф Штефан Јадран Ленарчич од името на претседателот на Франција е удостоен со Националниот орден „За заслуги“. Церемонијата за врачување на наградата се одржа во четвртокот на 03-ти октомври 2019 година, со учество на амбасадорот на Франција во Република Словенија, Флоренс Ферари.

Со оваа награда Франција го одбележа личниот придонес на Јадран Ленарчич во француско-словенечката научна соработка и учеството на Институтот Јожеф Штефан како водечки партнер од областа на роботиката. Во наведената област Јадран Ленарчич е специјалист на меѓународно ниво.

Извор: facebook.com