Директорот на наставната програма за докторски студии на Alma Mater Europaea е прогласен за почесен професор на универзитетот во Загреб

Директорот на наставната програма за докторски студии „Менеџмент на стратешки комуникации“ на Alma Mater Europaea професор доктор Марио Пленкович е удостоен со највисоката академска титула на универзитетот во Загреб – „почесен професор“.

Според зборовите на ректорот на универзитетот од Загреб професор доктор Дамир Борас, Сенатот на универзитетот го донел ова решение како последица на исклучителните научни достигнувања на Марио Пленкович во сферата на комуникологијата.

Посебна благодарност и честитки по повод титулата почесен професор на универзитетот во Загреб на Марио Пленкович изрази и Сенатот на Alma Mater Europaea на чело со претседателот  професор доктор Лудвик Топлак.

Извор: almamater.si