Премиерот на Република Северна Македонија беше во официјална посета на Република Словенија

Во вторникот на 28-ми мај 2019 година, претседателот на Република Словенија Борут Пахор се сретна со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, кој што беше во официјална посета на Република Словенија.

Претседателот Пахор и премиерот Заев во текот на преговорите ги потврдија пријателските односи помеѓу двете земји. Помеѓу другото, Борут Пахор забележа дека Република Северна Македонија е важен економски партнер на Република Словенија. Трговската размена помеѓу двете земји постојано расте и минатата година достигна 307 милиони евра. Република Словенија е една од главните земји кои што инвестираат во Република Северна Македонија. Според податоците на крајот на 2017 година, вкупната сума на директни словенечки инвестиции во Република Северна Македонија изнесуваше 357,5 милиони евра. Тоа ја става Република Словенија на четврто место помеѓу сите земји од светот. Двете земји имаат намера да ја развиваат соработката во сферата на туризмот и земјоделието, и со тоа да ја зголемат трговската размена до 500 милиони евра.

Исто така во рамките на својата посета во Република Словенија, Зоран Заев се сретна со премиерот Марјан Шарец и спикерот на парламентот Дејан Жидан. Во текот на преговорите беше потпишан меморандум за соработка во сферата на туризмот. Министерствата за култура од двете земји ја утврдија програмата за соработка за периодот 2019 – 2022 година.

Да напоменеме дека во согласност со билатералните договори, образованието во високообразовните институции и колеџи во Република Словенија, како за додипломски студии, така и за постдипломски студии се бесплатни за студентите од Република Северна Македонија, а исто така и за студентите од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.  

Извори: up-rs.si, rtvslo.si