Преседателот на Словенија им врачи на вработените во универзитетот во Нова Горица награди за достигнувања во областа на космичките истражувања

Во понеделник, 25 февруари 2019 година, преседателот на државата Борут Пахор во текот на специјалната церемонија во Преседателскиот дворец им врачи „Јаболко на инспирацијата“ на двајца вработени во универзитетот во Нова Горица – д-р Тања Петрушевска (за откривање на првата надѕвезда, покрај која што никнала стегната двојна нутрогенска ѕвезда) и доцент д-р Габриела Захаријаш (за истражување на светлина надвор од галаксијата со помош на сателитот Fermi).

Добитниците на наградата „Јаболко на инспирацијата“ д-р Тања Петрушевска и доцент д-р Габриела Захаријаш им ги предаваат својте знаења со нови методи на студентите по специјалност „Астрофизика“ на факултетот за природни науки на универзитетот во Нова Горица. Доцент доктор Захаријаш со вработените во универзитетот во Нова Горица покажуваат исклучителни научни достигнувања, а исто така учествува во амбициозен проект за планирање и изградба на нова опсерваторија гама-астрономија – приоритетен проект на Европскиот стратешки форум за објекти од научно истражувачка инфраструктура. Тања Петрушевска заедно со другите научници од универзитетот во Нова Горица учествуваат во  напредни светски проекти, особено во изградбата на голем синоптички набљудувачки телескоп во Чиле, кој што со помош на огромна камера ќе може за неколку ноќи да го скенира целото небо и да открие нови, порано неидентификувани извори на светлина.

Извори: ung.si, facebook.com