Пресек на 2018 година: Најдобрите резултати na 2TM

Се ближи крајот на 2018 година, што значи дека е време да направиме резиме на претходните 365 дена, да се потсетиме на најзначајните моменти и да ја поставиме работната рамка за следната година.

Годинава што изминува стекнавме нови искуства и се развивавме како компанија. 2ТМ пронајде нови пријатели и воспостави контакти, кои ќе ни помогнат во нашите активности. Среќни сме што во 2018 година имавме клиенти кои со наша помош станаат студенти на различни универзитети во Словенија. Денес, работиме со клиенти од Русија, Украина, Казахстан, Киргистан, Туркменистан, Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кина и со САД. Во контакт сме со нашите студенти, горди сме на нивните успеси и среќни сме што им помогнавме да го направат вистинскиот избор. Искрено се надеваме дека во годината што ни претстои, бројот на студенти кои ќе студираат во Словенија со помош на 2ТМ, ќе продолжи да се зголемува!

Ние сме активни учесници на специјализирани настани во многу градови и држави, со цел што е можно повеќе луѓе да дознаат за нашата активност. Во 2018 година нашата компанија беше претставена на најголемите настани за образование и кариера, како што се Moscow Career Guidance Day, Education Horizons во Санкт Петербург, Русија (2ТМ на овој саем беше единствена компанија која претставуваше европско образование!), Education and Career (Москва и Санкт Петербург, Русија), International Travel & Tourism Exhibition, MITT (Москва, Русија), World Education Fair (Загреб, Хрватска), Education of Slobozhanshchina and Studying Abroad 2018 (Харков, Украина), Education and Teaching Tools Fair (Белград, Србија), Higher Education and Scholarships Fair (Риека, Хрватска), и International Education Fair (Нови Сад, Србија). Покрај ова, 2ТМ држеше бројни едукациски работилници и семинари, презентации и бизнис состаноци во Харков, Москва, Санкт Петербург, Петрозаводск, Белград, Чачак, Опатија, Риека, Сараево, Бања Лука, Приједор, Зеница и Тузла. Претставници на нашата компанија учествуваа и на состанокот на Комисијата за образование во Санкт Петербург, Русија.

Важен настан во 2018 година беше тоа што вработените од канцелариите на 2ТМ од Санкт Петербург и од Харков ги посетија своите колеги во Љубљана. Посетата траеше неколку дена, при што вработените од Русија и од Украина ги посетија партнерските образовни институции во различни делови на Словенија. Така, од 8 до 12 октомври 2018 година, менаџерите на 2ТМ беа во посета на Економскиот факултет во Љубљана; Институтот и Колеџот GeaCollege во Љубљана; Едукацискиот центар во Крањ; Факултетот за електроинженерство, компјутерски науки и информатика при Универзитетот во Марибор; Факултетот за градежништво, транспортно инженерство и архитектура при истиот универзитет; приватното бизнис училиште ДОБА во Марибор; Универзитетот во Нова Горица (особено, Школата за лозарство и енологија); Школата за хортикултура и визуелни уметности во Цеље; Едукацискиот центар во Велење; и на многу други образовни установи. Ова патување беше важно искуство за претставниците на 2ТМ од Русија и од Украина, затоа што тие подобро ја запознаа Словенија, се запознаа со партнерите од словенечките универзитети, на кои студираат нашите клиенти, и одблизу ја осетија атмосферата на образовниот процес.

Следната година ќе продолжиме да ја прошируваме нашата позиција на пазарот за образовни услуги и ќе ги зголемиме нашите активности, помагајќи им на нашите клиенти да стекнат висококвалитетно европско образование во Словенија. Навремено и детално ќе ве информираме за сите настани на кои ќе учествува 2ТМ и за сè поврзано со уписите и студирањето на словенечките образовни установи.

Им благодариме на сите што годинава нè поддржуваа. Заедно зачекоруваме во 2019 година!