Претставник од факултетот за градежништво транспорт и архитектура од универзитетот во Марибор зема учество во семинарот за развој на инфраструктурата на регионот Подравје

Претставникот од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура од универзитетот во Марибор, доктор Томислав Летник во мај 2019 година зема учество на семинарот посветен на темата „Одржливиот развој на инфраструктурата во регионот Подравје“. Пред публиката тој го претстави рефератот под наслов „Комплексната логистичка стратегија на Марибор“.

Настанот го организираше организацијата за патишта на Северо-Источна Словенија, под покровителство на министерството за инфраструктура, од општината Марибор и факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор во соработка со Инженерската комора на Република Словенија и компанијата DRC, која што се занимава со транспортни истражувања и изучување на патната инфраструктура.

Во текот на настанот беа опфатени теми за патната и железничката инфраструктура во регионот; изградба на велосипедски патеки по течението на реката Драва; реализација на инфраструктурни проекти во општината Марибор; развој на логистиката во Марибор; развој на аеродромот во Марибор; развој на инфраструктурата на Похоија и друго.

Извор: fgpa.um.si