Претставникот на Универзитетот во Нова Горица проф.др. Боштијан Жекш ја доби Цоизова награда за животно дело

Годинешната Цоизова награда за животно дело во областа на теориската физика ја доби раководителот и член на советот, заслужниот професор на Универзитетот во Нова Горица академик проф.др. Боштијан Жекш.

Боштијан Жекш беше истражувач на Институтот Јожев Стефан на Одделот за теоретска физика, професор по биофизика на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Љубљана и професор и раководител на Универзитетот во Нова Горица. Во пензија е од 2014 година. Во 1987 година станува член на Словенечката академија на науки и уметности, на која ја врши функцијата секретар на одделенијата за мемематички, физички, хемиски и технички науки.

Од 2002 до 2008 година ја врши функцијата претседател на академијата.

Неговата истражувачка работа опфаќа три области, во зависност од вработувањето и од светските трендови во областа на физиката на кондензираната материја. Во најраниот период се занимавал со фероелектрични кристали, пред сѐ со водородни врски. Во другиот период со биофизика на биолошките и моделните фосфолипидни мембрани.

Во сите три области кои меѓусебе не се поврзани, тој има голема улога во напредокот на науката. Има престојувано со свои предавања и уводни говори на светските центри и на најголемите меѓународни конференции. Неговите дела опфаќаат околу 6500 цитати. Истражувањата на академикот Боштјан Жекш и неговите достигнувања се уврстуваат меѓу едни од најеминентните од областа на физиката.

Извори: facebook.com, ung.si