Претставникот на Занаетчиската комора на Република Словенија го посети Сенатот на Alma Mater Europaea

Во петокот на 12-ти јули 2019 година, заседанието на Сенатот на Alma Mater Europaea, со кој што раководи професор доктор Лудвик Топлак, во својство на почесен гостин го посети претставникот од Занаетчиската комора на Република Словенија Бранко Мех. Тој зема учество во дискусиите за актуелностите околку студиските програми во високообразовните институции.

Во текот на заседанието заедно со стратешките партнери беше покрената иницијатива за создавање на програмски совет кој што ќе биде специјален консултативен работен орган за актуелни прашања за рационализација и квалитет на образованието за реалните потреби на економијата, стопанските институти и семејниот бизнис. Во реализацијата на програмата ќе учествуваат практиканти.

Извор: almamater.si