Претставникот од факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор е удостоен со престижна награда „Кристален микрофон“

Надворешниот соработник од факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот од Марибор, магистер Душан Томажич професор по предметот „Медијабизнис“ од студиската програма „Медијакомуникации“ е удостоен со најпрестижната национална награда за долгогодишните достигнувања од областа на радиото „Кристален микрофон“.

Оваа награда за прв пат е доделена во 2001 година и ја доделува Асоцијацијата на професионални работници од радиото и телевизијата во Република Словенија за највисоки достигнувања кои што ја карактеризираат професијата спикер и прекрасниот специјалист за претставување на словенечки (италијански, унгарски) текстови. На најмладиот перспективен спикер му се врачува наградата Ана Млакар.

Душан Томажич го има еден од најпрепознатливите гласови помеѓу словенечките спикери. Неговиот говор се карактеризира со прекрасна дикција и длабока, замислена и сложена интерпретација на различни текстови, одразувајќи широк видокруг и висок степен на сопствена култура. Кариерата на Томажич започнала пред околу триесет години на „Радио Марибор“, кадешто благодарение на својот глас и вештини тој станал коавтор на многу програми. Томажич исто така учествувал во многу национални радио проекти. Потоа се префилил да работи на телевизија, исто така во Марибор, каде што помеѓу другото работел и како специјалист за озвучување на многу документарни филмови. Душан Томажич е познат и како наставник, кој што обучил многу директори на радио и телевизија. Исто така негова заслуга е и возобновувањето на Словенечкото здружение на професионални спикери на радио и телевизија после многу години на неактивност.

Извор: feri.um.si