Претставници на 2ТМ учествуваа на „World Education Fair“ во Загреб

На 16-ти и 17-ти ноември 2018 година во главниот град на Хрватска, во Кристалната сала на Загребскиот изложбен центар, се одржа World Education Fair, на кој учествуваше и 2ТМ.

Photo: © 2TM d.o.o.

На овој саем учествуваа над шеесет образовни институции од преку десетина земји. Посетителите на саемот можеа да ги добијат сите информации за додипломските, магистерските студии, за средните училишта, курсеви за изучување на јазици, стипендии, како и за програмата Work & Travel USA.

Сите млади, кои се интересираат за образование во странство ги добија сите потребни информации на едно место.

Многумина од нив се интересираа за студии во Словенија, а штандот на 2ТМ во текот на саемот беше постојано посетуван. Доаѓаа средношколци од пониските  и од повисоките години, студенти и родители. 2ТМ ги претстави предностите на студирањето во Словенија, студиските програми и нивната работа.

Ви благодариме на сите кои не посетивте во Загреб.

Оние кои не успеаа да не посетат и имаат прашања во врска со студиите во Словенија, пишете ни и ние со задоволство ќе ви одговориме.