Претставниците од Alma Mater Europaea земаа учество во 19-от Фестивал на перманентно образование

Од 02-ри до 04-ти октомври 2019 година во Цанкаревиот дом во Љубљана се одржа 19-от Фестивал на перманентно образование – уникатен и многу посетуван настан од областа на образованието на лица од трето доба во Република Словенија и цела Европа. Оваа година фестивалот го посетија повеќе од 17.500 лица од целата земја. Во рамките на големиот настан посветен на Меѓународниот ден на стари лица, се одржаа десет експертски дискусии, 80 образовни и повеќе од 120 културни настани.

На настанот земаа учество студентките од програмата „Социјална геронтологија“ Лана Хојс и Саша Кмет, а исто така кураторот на програмата, доктор Вероника Горишек. На штандот тие ги претставија наставните програми на Alma Mater Europaea, и во перв ред, „Социалната геронтологија“. Од страна на претставниците на образовната установа беше забележан огромен интерес за оваа програма како од страна на старите лица, така и од младите.

Покрај тоа, во рамките на фестивалот директорот на образовната програма „Социјална геронтологија“ на Alma Mater Europaea професор доктор Јана Горјуп организираше округла маса на темата „Словенци, стареење и возраст“. Дискусијата ја опфати актуелната проблематика на стареењето на населението и придружните социјални промени, кои што претставуваат сериозни предизвици и кои што ја зголемуваат побарувачката на пазарот на трудот за професијата социјален геронтолог.

Извор: almamater.si