Претставниците од Alma Mater Europaea земаа учество во проектот Young EU Voices, промовирајќи ја профилактиката од онколошките заболувања

Студентките и професорите од Alma Mater Europaea во соработка со телевизискиот канал AS успешно го завршија проектот Young EU Voices. Тие снимија серија од три епизоди за заедничките европски скрининг програми за рано откривање и профилактика од рак.

Во март и април 2019 година студентките од студиската програма „Социална герантологија“ и „Физиотерапија“ имаа интервју со специјалистите од областа на скрининг програмите и медицинската политика во Република Словенија и во Европскиот парламент во Стразбур.

20-минутните епизоди се прикажуваа по локалните словенечки телевизии во периодот на подготовка за изборите за Европскиот парламент. Нивната цел е зголемување на свеста кај луѓето за онколошките заболувања и нивната профилактика, а исто така и за дејноста на Европските институти во решавањето на овој проблем.

Извори: sl-si.facebook.com, almamater.si