Претставниците од факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универаитетот во Марибор се удостоени со награда за најдобра статија

Во рамките на 17-та Меѓународна конференција на земјите од Централна и Источна Европа, посветена на управувањето со бизнис процесите (Central and Eastern European conference on the Business Process Management, BPM 2019), вработените од Институтот за информатика при факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор во соработка со Националниот технички универзитет „Харковски политехнички институт“ (Украина), беа удостоени со наградата за најдобра статија. Да напоменеме дека наведената конференција е призната за најголема и настан со најголемо значење од областа на технологијата и методологијата за управување на бизнис процеси во светот.

Конференцијата се одржа од 01-ви до 6-ти септември 2019 година на Виенскиот универзитет. Автори на статијата се Грегор Поланчич, Павел Брин, Саша Кухар, Грегор Јошт и Ернеј Хубер. Темата на статијата гласи: „Емпириски истражувања на влијанијата на културните фактори на претставувањето на концептот за бизнес процеси“ („An empirical investigation of the cultural impacts on the business process concepts representations“).

Извор: feri.um.si