Претставниците од факултетот за туризам при универзитетот во Марибор во рамките на проектот Geofood ја посетија Холандија

Вработените од факултетот за туризам при универзитетот во Марибор доцент доктор Маја Турншек, асистент Барбара Павлакович и професор Катја Чанжар во рамките на проектот Geofood заедно со општината Брежице организираа наставна екскурзија во Холандија. На неа земаа учество претставниците од факултетот и општината, а исто така и локалните производители на прехранбени производи.

Во рамките на екскурзијата учестниците го посетија официјалниот настан за отворање на центарот за истражување на аквапониката на универзитетот во Вагенинген. Словенечката делегација исто така разгледа низа на оранжерии и фарми во Холандија.

Проектот Geofood е дел од многу поголемиот европски проект Geothermica (проектот ERANET Cofund GEOTHERMICA, проектот № 731117, го кофинансира Европската комисија), насочен кон унапредување на користењето на геотермалните ресурси. Geofood го актуелизира користењето на геотермалната енергија за затоплување на оранжериите, во кои што може да се имплементира аквапонски систем – паралелно одгледување на риби и зеленчук со користење на изметот на рибите за ѓубрење на растенијата. При тоа вредноста на постоечкиот систем може да се зголеми доколку се направи туристичка понуда за истиот. Партнери на проектот се универзитетот од Вагенинген, LandIng Aquaculture и Ammerlaan (Холандија), универзитетот Samraekt (Исланд), университетот од Марибор и општината Брежице, Република Словенија.

Извор: um.si