Претставниците од компанијата 2ТМ го посетија факултетот за градежништво, транспортно инженерство и архитектура при универзитетот во Марибор

Во четвртокот на 16-ти мај 2019 година, специјалистите за високо образование од компанијата 2ТМ го посетија факултетот за градежништво, транспортно инженерство и архитектура при универзитетот во Марибор.

Photo: © 2TM d.o.o.

Целта на посетата беше во рамките на «Информацискиот ден» детално да се запознаат со магистерските и докторските образовни програми за сите три специјалности – „Градежништво“, „Транспортно инженерство“ и „Архитектура“. Покрај словенечките студенти, кои што имаат желба да го продолжат образованието на магистерските програми, во презентацијат земаа учество и голем број на кандидати од Хрватска. 

Деканот на факултетот доктор Весна Жегарац Лесковар на почетокот на говорот ги поздрави сите присутни и одржа кратка презентација за факултетот. Продеканот, доктор Мирослав Премров детално им раскажа на посетителите за образовните програми и можностите за префрлување од една на друга програма. Тој потенцираше дека магистерската програма на факултетот предвидува обемна практична подготовка и тесна соработка со економијата што се остварува во форма на различни семинари и други форми на соработка.  Исто така во текот на настанот продеканот за научно-истражувачки работи доктор Стојан Кравања детално ги објасни докторските програми.

По завршувањето на презентацијата претставниците од комапнијата 2ТМ ги разгледаа предавалните, лабараториите и другите простории на факултетот.