Претставниците од туристичката агенција Kompas Young го посетија образовниот центар од Велење

Во декември 2019 година студентите од трета година од програмата „Хотелиерство и туризам“ од Образовниот центар во Велење се сретнаа со представниците од туристичката агенција Kompas Young.

Во текот на средбата гостите им раскажаа на студентите за оформување на туристичкиот производ „од А до Ш“. Наведениот процес беше презентиран преку пример на апсолвентска тура, којашто посебно ги заинтересира студентите – на крајот од август 2020 година тие се подготвуваат да го организираат овој процес. Како што потенцираа во Образовниот центар од Велење, презентација наишла на многу позитивни реакции помеѓу студентите, коишто веќе ја планираат својата претстоечка апсолвенстка тура во Будва.

Специјалистите од туристичката агенција Kompas Young исто така им ја презентираа на студентите работата на туристичкиот водич и аниматорот. Средбата заврши со интересни анимациски игри.

Извор: facebook.com