Претставниците од универзитетот од Марибор земаа учество на 19-от Светски фестивал на пржен компир

Во сабота на 07-ми септември 2019 година, универзитетот од Марибор по осми пат учествуваше на културно-гастрономскиот 19-ти светски фестивал на пржен компир, кој што минатата година се одржа во Постојна. Вработените од ректоратот на универзитетот во Марибор пријатно ги изненадија гостите на фестивалот со рецепти од месо и зеленчук со пржен компир од сортата Universa од Франција, кој што на универзитетот му го подарила фармата Rukav од селото Добровци, и универзитетското вино Meranovo.

Интересот за универзитетот од Марибор и неговата дејност на настанот беше многу голем. Штандот на универзитетот го посетија дипломците од овој универзитет, семејства со деца и многубројни гости од предградијата на Марибор и Штири.

Следната година јубилејниот фестивал ќе се организира во Севница – според традицијата, тој ќе се одржи во првата сабота од месец септември.

Извор: um.si