Претставниците од универзитетот во Љубљана ќе земат учество на „Денот на иновативноста 2019“

Во среда на 25-ти септември 2019 година, во Брдо – Крањ ќе се одржи „Денот на иновативноста 2019“. Настанот кој што веќе втора година го организира одделот за пренос на знаења при универзитетот од Љубљана заедно со Стопанската комора на Република Словенија е посветен на соработката на образовните институции и економијата. Проектот е финансиран од Република Словенија и Европската Унија од средствата на Европскиот фонд за регионален развој.

Во текот на настанот своите иновациски технологии ќе ги претстават 12 научници од универзитетот од Љубљана. По завршувањето на конференцијата ќе се одржат презентации на успешните приказни за напредните технологии и решенија; преку симулација ќе бидат претставени различни методи на имплементација на иновациите.

Регистрацијата за настанот е отворена до петок, 20-ти септември 2019 година.

Подетално за настанот Пријава за настанот

Извот: uni-lj.si