Прием на пријави за учество во хактон за безбедност и мобилност

На 5-6 октомври 2019 година во Љубљана со поддршка на компанијата Технолошки парк Љубљана ДОО ќе се одржи хактон за безбедност и мобилност – натпревар на информациски решенија кои можат да придонесат за зголемување на општествената (меѓу другото и на информациската) безбедност и мобилност во поширока смисла на зборот.

Пријавите на екипите и на одделни учесници се прифаќаат до 4 октомври 2019 година. Во текот на следните два дена ќе се одржи првиот дел од хактонот. Трите најдобри екипи избрани од страна на публиката ќе бидат наградени на 22 октомври 2019 година. Наградниот фонд на хактонот изнесува 5.000 евра.

Победничката екипа исто така ќе биде вклучена во праграмата за менторство и консултации, каде со поддршка на експерит од компанијата Технолошки парк Љубљана и технолошките партнери ќе ја реализираат својата идеја во работна апликација со практична вредност.

Источник: svetkapitala.delo.si