„Прифаќање на најдоброто од Истокот и Западот“: резултати од дваесеттата Љубљанска летна школа

На економскиот факултет при универзитетот во Љубљана во јули 2019 година се одржа дваесеттата Љубљанска летна школа со наслов „Прифаќање на најдоброто од Истокот и западот“ („Ljubljana Summer School, Take the Best from East & West“). Во работата на Школата земаа учество повеќе од 400 студенти од повеќе од 90 образовни институции од 38 земји во светот (вклучувајќи ги тука Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна Гора, Република Северна Македонија, Русија, Украина, Индија и Казакстан). Учесниците на школата ги обучуваа 30 професори со висок меѓународен авторитет на 25 образовни дисциплини.

Љубљанската летна школа се вбројува помеѓу најголемите летни школи во Европа во областа на економските науки и бизнис науките. За нејзиното дваесетгодишно постоење во неа земале учество повеќе од четири илјади студенти. Школата вклучува две програмски целини. Основната и временски најобемната е посветена на изучување на образовните дисциплини и вклучува предмети од областа на бизнисот, економијата, деловно право и деловен англиски јазик. Вториот дел предвидува запознавање со културата, обичаите и туристичките знаменитости во Република Словенија. Интензивниот образовен процес се одвива во меѓукултурни групи со акцент на колективната работа и практични примери. Откако ќе ги ислушаат предавањата студентите полагаат испит, а освоените кредити од испитот им се запишуваат во нивната образовна институција.

Да додадеме дека економскиот факултет при универзитетот во Љубљана има широка мрежа, претставена од повеќе од 200 меѓународни партнери по целиот свет. Зацврстувајќи ја интернационализацијата, како на пример преку организацијата на оваа летна школа, факултетот развива свои меѓународни врски, а исто така има важен придонес во зацврстувањето и продлабочувањето на соработката помеѓу универзитетите.

Извор: efnet.si