Printbox на Факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при Универзитетот во Марибор

Од почетокот на декември 2018 година, на Факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика, има специјална направа, со која сами може да си печатите, копирате или скенирате документи.

Printbox е продукт на словенечки дизајнери и е произведен во Словенија. Станува збор за брзо и едноставно решение, кое штеди и пари и време.

Развојот на киоскот Printbox започнува во 2010 година. По две години интензивен развој, тимот одговорен за овој продукт, во мај 2012 година гордо го  претставува на пазарот. Мисијата на фирмата е на поширока популација да ѝ обезбедува едноставно, брзо и поволно решение за печатење, копирање и скенирање документи на бројни високофреквентни локации (библиотеки, факултети, трговски центри, бензински пумпи итн.).

Киоскот Printbox не е штетен за животната средина зашто при неговото функционирање и редовно користење не настануваат штетни отпадоци (како на пр. тонери од другите апарати за копирање). Оваа направа користи квалитетна 80-грамска хартија, добиена исклучиво од еколошки дрвни насади. Со оглед на тоа што еден киоск Printbox може да го користат повеќе луѓе, значи дека може да замени повеќе обични принтери и фотокопири, а така се штеди и електрична енергија.

Премногу е едноставен за користење – на интернет-страницата printbox.net или на кој било Printbox треба бесплатно да се регистрирате и на својата корисничка сметка, преку телефон, компјутер, таблет или УСБ-стик, може да ги префлите датотеките за печатење. Вашите датотеки на Printbox се чуваат на сигурно. До нив може да пристапите на повеќе од 100 локации ширум Словенија, а на Факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика Printbox е поставен до предавалната Алфа, односно Бета.

Интернет-врска: feri.um.si