Продолжува приемот на пријави за запишување на магистерската програма на Факултетот за туризам при Универзитетот во Марибор

Овие денови на Универзитетот во Марибор продолжува втората етапа од кампањата за запишување на магистерската програма „Туризам“. Двегодишната програма се состои од 4 семестри и 120 кредити ЕКТС. Обуката се одвива во Брежице. Магистрите од програмата „Туризам“ се стекнуваат со степен „Магистер по туризам“.

Оваа магистерска програма е наменета за сите, кои што сакаат да ги продлабочат и рашират своите знаења во туристичката сфера и да се стекнат со нови компетенции од областа на истражувањето, планирањето и разработката на иновациски решенија за конкурентна туристичка понуда на меѓународен план. Напоменуваме дека програмата за редовна настава е прилагодена за лица кои што се вработени, часовите се одржуваат попладне.

Вие сеуште можете да успеете да поднесете документи на гореспоменатата магистерска програма и да се обучувате на магистерската програма на факултетот за туризам при универзитетот во Марибор веќе во оваа студиска година! Подетална консултација за прашања поврзани со запишувањето ќе ви обезбедат нашите експерти на следната електронска адреса: education@2tm.si.

Извор: ft.um.si