Проектот на студентките од универзитетот во Марибор се најде помеѓу десетте најдобри проекти на светскиот студентски конкурс

Проектот на студентките од студиската програма „Архитектура“ од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор се најде помеѓу десетте најдобри проекти на светскиот студентски конкурс Multi comfort student contest 2019.

Конкурсот во кој што земаа учество повеќе од 2200 студенти од 199 универзитети од 35 земји во светот се одржа на 6-ти и 7-ми јуни во Милано. Негов организатор беше меѓународната корпорација Saint-Gobain (од Париз).

Република Словенија се претстави со два проекти: CITTA BIANCA на студентките Сани Шпиндлер и Ивана Вукович и (RE)CONNECTING CRESCENZAGO на студентките Тјаша Рошер, Валентина Полич и Јулија Вашенко. Двата проекти се најдоа помеѓу шеесетте најдобри проекти. Според решението на меѓународното жири, чиј почесен член беше познатиот архитект Стефани Боери, проектот CITTA BIANCA се најде помеѓу десетте најдобри.

Главниот мотив за учеството во конкурсот Multi comfort student contest 2019 беше соработката на универзитетот од Марибор со компаниите кои што се вбројуваат во интернационалната корпорација Saint Gobain – Isover, Weber, Rigips и така натаму, кои што се претставени во Република Словенија. Да напоменеме дека на овој конкурс гореспоменатите студентки учествуваа за прв пат.

Следниот студентски конкурс Multi comfort student contest 2020 ќе се одржи во Париз.

Извор: fgpa.um.si